Феенорд и Славија сезонава меѓу себе одиграа 3+, 4+, вечерва 6+, што ли ќе биде на реваншот?

Феенорд и Славија Прага сезонава приредуваат големо задоволство за публиката и голеади во меѓусебните дуели, а вечерва во Ротердам одиграа 3-3.

Феенорд водеше со 1-0, па губеше со 1-2 откако прими спорен гол кој можеби беше од офсајд, а на крајот во 95-тата минута, Траоре ги спаси Чесите од пораз.

Овие два тима сезонава се сретнаа и во групната фаза на Конференциската лига. Тогаш Феенорд дома победи со 2-1, а во Прага беше 2-2. Значи ГГ и 3+ е во најава и на реваншот, а по мечеви со три, четири и шест гола, можеби на ред е 7+?.

- Оглас -

Најнови вести