Фенербахче пак ќе менува тренер, Венгер и Јокановиќ се кандидати

Ниту Ервин Куман не може да го доведе во ред тимот на Фенербахче, кој се наоѓа во големи проблеми по 15 средби во турскиот шампионат. Холандскиот стратег очигледно не е вистинското решение за отпуштениот Филип Коку, па многу веројатно ќе се случи нова смена на кормилото.

Како прв кандидат се споменува Славиша Јокановиќ, кој пред извесно време остана без работа по отказот од Фулам. Но, српскиот стратег наводно има конкуренција од вистински великан, поточно Арсен Венгер.

Раководството на турскиот гигант, за кого настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, е подготвено што побрзо да најде стратег кој ќе им ја спаси сезоната.

Денешниот пораз од Акхисарспор со убедливи 3-0, за Фенер значеше и пад на 16-тото место на табелата во турскиот шампионат, место кое води во втората по ранг турска лига.

- Оглас -

Најнови вести