32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Фергусон пак ја чува клупата на Карамелите, кам-бекот ќе му го загорчи незгодната Вила

1002 Евертон – Астон Вила (Англија, Премиерлига, 13.30 часот)

Евертон направи промена на тренерската клупа и на местото на Рафа Бенитес, повторно како привремено решение го постави Данкан Фергусон.

Некогашниот голгетер на Карамелите беше во истата ситуација и во 2019 година како што велат Англичаните „caretaker“, или привремено решение за тренер, а и сега се враќа да го гасне пожарот во Евертон.

Астон Вила има убава шанса и третпат по ред да си замине непоразена од “Гудисон Парк“ против тим кој е во голема криза.

Кам-бек пред публиката во Ливерпул ќе има левиот бек Лукас Дињ, кој во овој преоден рок се пресели од Евертон во Астон Вила.

Двете екипи имаат неколку отсутни фудбалери што играат на Африканскиот куп на Нации, но гостите се во подобра форма и имаат подобар амбиент и нема да загубат.

Предлог тип: Х2&2+ (1.98)

 

1005 Брентфорд – Вулверхемптон (Англија, Премиерлига, 16 часот)

Брентфорд нанижа три порази, а има вкупно пет на последните шест меча во Премиерлигата што е знак за криза.

Популарните Пчели ги минуваат детските болести од првата сезона во Премиерлигата, а падот на формата ќе го искористат опасните Волци.

Вулверхемптон е во налет со серија од четири победи и реми, без пораз на последните пет меча во сите конкуренции.

Лани загубија од Брентфорд со 0:2 на домашен терен, па сега е време за реванш.

Предлог тип: 2 (2.60)

 

3001 Џенова – Удинезе (Италија, Серија А, 15 часот)

Џенова моментно ја има најдолгата серија без победа во Калчото и Горан Пандев и соиграчите не се радувале на триумф цели 19 кола.

Кризата кај најстариот прволигаш во Италија е огромна, беа сменети и два тренери, Балардини и Шевченко, но и тоа не помогна.

Веќе петти месец популарните Грифони не знаат што е победа во Серија А, па ќе мораат експресно да бараат излез од кризата, ако не сакаат да бидат второлигаши од идната сезона.

Во слаба форма е и Удинезе, Таму речиси воопшто минутажа нема Илија Несторовски, па не се знае дали на терен воопшто и ќе има дуел на двајца наши репрезентативци, кои имаа клучна улога на историскиот пат на Македонија на прво Европско првенство.

Ситуацијата е исклучително тешка за Џенова. Со 12 бода се на претпоследното место, а Удинезе е покомотен со 23 бода, 7 над зоната за испаѓање.

Двете екипи често знаат да ремизираат во меѓусебните дуели, па ќе типуваме дека и овој меч ќе заврши нерешено.

Предлог тип: Х (3.20)

 

3003 Лацио – Аталанта (Италија, Серија А, 20.45 часот)

Двете екипи немаат примено гол над 200 минути, но кога играат меѓусебе тоа се атрактивни мечеви со многу голови.

На последните шест дуели секогаш имаше над четири гола, а просекот во тој циклус е скоро пет погодоци по натпревар.

И двете екипи ќе бидат хендикепирани со отсуство на неколку значајни играчи.

Кај Лацио ќе ги нема Ачерби, Закањи, Педро, Андерсон, Раду, Каталди…, додека кај гостите од Бергамо главен хендикеп е повредата на првиот стрелец Дуван Запата.

Нема да игра и Госенс и веројатно и Хатебур, Иличиќ и Малиновски.

Сепак и двете екипи имаат одлични играчи и замени, тука се првиот стрелец во Лигата, Имобиле, потоа Мјуриел на спротивната страна и уште дузина топ-офанзивци што ветува нов спектакл и многу голови на „Олимпико“ во Рим.

Предлог тип: 4+ (2,50)

 

1806 Хофенхајм – Борусија Дортмунд (Германија, Бундеслига, 15.30 часот)

Двете екипи ќе играат без по петмина фудбалери, а може да ги има уште неколку, но дербито во 20. коло во Германија ветува спектакл и добар фудбал со многу голови.

Ќе играат два од четирите најефикасни тимови во Бундеслигата.

Ерлинг Халанд и соиграчите досега постигнаа 49 погодоци и Милионерите се веднаш зад шампионот Баерн според ефикасноста.

Хофенхајм е четвртата најефикасна екипа во Бундеслигата со 39 гола, а Бебу, Крамариќ, Рутер… се одлични офанзивци што можат да му парираат на разиграниот напад на гостите.

Двете екипи знаат брзо да постигнуваат голови, па ќе типуваме дека ќе има најмалку по еден погодок на двете страни уште во првото полувреме.

Предлог тип: ГГ1 (3.10)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести