Ферхан Хасани си замина од Шкендија, повторно

Ферхан Хасани, кој има 32 години, реши да си замине од Шкендија и да остави простор за помладите фудбалери. Иако имаше договор до јуни 2024, Хасани нема да бара финансиска компензација од клубот.

Популарниот Буба сам побарал да биде завршена соработката со тетовскиот клуб.

„Мислам дека веќе немам што да понудам на терен и местото им го препуштам на помладите генерации. Шкендија е дел од мојот живот, на клубот му посакувам среќа. Би играл уште една сезона во некоја послаба лига пред да ја завршам кариерата како играч“, изјави Хасани, кој со Шкендија има освоено пет трофеи.

Хасани играше за Шкендија прво од 2009 до 2012 година, па од 2015 до 2018 и од 2021 до 2023.

 

- Оглас -

Најнови вести