Феризај во Косово се спаси од директно испаѓање со комичен гол во 90+15 минута (Видео)

Низ најголемиот дел од Европа се играат завршните мечеви од домашните првенства, а во многу од нив имаше драматични моменти. Имаше екипи кои до последен момент се бореа за шампионска титула, други за излезе во Европа, а трети бараа спас од испаѓање.

Е токму таков спас од директно испаѓање буквално во последните секунди најде екипата на Феризај во Косовското првенство. Во последното коло, Феризај на домашен терен играше против Дукаѓини и на крајот победи со 2:1, три бода кои му го обезбедија осмото место со 41 бод и сега ќе игра бараж за опстанок. Од лигата испаднаа Дреница само со 23 бода и Трепча, која заврши со 40 бода, односно само еден помалку од Феризај.

Токму Трепча и Феризај водеа „мртва трка“ до последната секунда за тоа кој ќе го избегне местото за директно испаѓање.

Феризај водеше со 1:0, а Дукаѓини израмни во 82-рата минута на 1:1. Во исто време, Трепча губеше од Приштина со 0:1, но домаќините во 85-тата минута израмнија на 1:1, а во 90+6 минута стигнаа до победа од 2:1. Овој резултат и ремито на Феризај знача дека Трепча ќе избегне директно испаѓање.

Сепак, на дуелот во Феризај, судијата покажа дури 15 минути продолжение. Се играше 90+15 минута кога домаќините изведоа напад, а Фазлиу со глава погоди за победа од 2:1 и освојување на три бода, со кои Феризај ја помина Трепча на табелата за еден бод.

Голот на Феризај за бараж донесе многу реакции и сомнежи затоа што гостинскиот голман во најмала рака реагираше несмасно и топката помина буквално низ неговите нозе и влезе во мрежата.

https://twitter.com/i/status/1662867491851321348

 

 

- Оглас -

Најнови вести