ФФМ и селекторот Милевски номинираа тројца репрезентативци за Спортист на Македонија, но меѓу нив не е првиот стрелец во шкотската Премиер лига

Фудбалската федерација на Македонија до Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги испрати предлог-номинациите за избор на „Спортисти на годината“ во организација на АМС.

На предлог на селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, во категоријата „Спортист на годината“ ФФМ ги номинира Стефан Ристовски, Елиф Елмас и Енис Барди. Мало изненадување претставува тоа што напаѓачот Бојан Миовски е изоставен иако игра фантастично во дресот на Абердин и е прв стрелец во шкотската Премиер лига.

Во дописот до Агенцијата за млади и спорт, селекторот на нашиот најдобар национален состав, Благоја Милевски даде свое објаснување во однос на номинациите за тројцата наши репрезентативци.

Стефан Ристовски – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграните бараж-натпревари за СП 2022. Победа против Европскиот првак Италија и пласман во финалето од плејофот против Португалија, придонес во одиграните натпревари за освојување на шампионската титула во хрватското првенство со Динамо Загреб и придонес во освојувањето на Националниот куп со Динамо Загреб, придонес во одиграните натпревари за Динамо Загреб во УЕФА Лигата на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лигата на шампиони.

Елиф Елмас – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата, придонес во одиграниот бараж-натпревар за СП 2022. Финале од плејофот против Португалија, придонес во одиграните натпревари за Наполи (Италија) во УЕФА Лигата на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лигата на шампиони. Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лигата на нации.

Енис Барди – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата. Придонес во одиграните бараж-натпревари за СП 2022, победа против европскиот првак Италија и пласман во финалето од плејофот против Португалија. Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лигата на нации.

- Оглас -

Најнови вести