ФИФА донесе одлука: Албанија ќе мора да игра без публика

Дисциплинската комисија на ФИФА ја казни Албанската фудбалска федерација за инцидентот против Полска во рамките на квалификациите за СП.

ФИФА нареди стадионот „Ер Тирана“ да биде затворен за мечот против Андора, кој ќе биде во рамките од последното квалификациско коло од групата „И“.

Покрај ова, Федерацијата на Албанија треба да иплати и казна од 150.000 швајцарски франци.

И Полска доби казна во износ од 50 илјади франци поради непристојно однесување на нивните фанови на оваа средба, а исто така и на нивните фанови ќе им биде забрането присуство на гостувањето против Андора.

За потсетување, Полска со 1:0 ја победи Албанија со погодок во 77-мата минута, по што домашните фанови почнаа да фрлаат тврди предмети кон играчите на оваа селекција, при што главниот судија Клемен Турпан се одлучи да ја прекине средбата и да ги испрати фудбалерите во соблекувалните.

- Оглас -

Најнови вести