ФИФА го поништи црвениот картон на најдобриот стрелец на САД, ќе игра против Белгија

Најдобриот стрелец на САД на Светското првенство 2026Фоларин Балогун, сепа ќе има право да игра во осминафиналниот натпревар против Белгија, иако 25-годишниот напаѓач доби директен црвен картон во натпреварот од 16-финалето против Босна и Херцеговина за прекршок врз Тарик Мухаремовиќ.

Според прописите на ФИФА, таков црвен картон автоматски резултира со суспензија од еден натпревар. Но, ФИФА има право да ја суспендира санкцијата, целосно или делумно, согласно член 27 од дисциплинскиот правилник.

Американскиот тим не може да поднесе жалба ниту за црвениот картон, ниту за автоматската дисквалификација. Сепак, дисциплинската комисија има право самостојно да ја измени казната.

Балогун постигна три гола на Светското првенство во 2026 година, два против Парагвај и еден против БиХ.

Американскиот претседател Доналд Трамп веднаш одговори на одлуката на социјалните мрежи, заблагодарувајќи се на светската фудбалска федерација. Трамп ја поздрави одлуката на ФИФА:

„И благодарам на ФИФА што го направи она што е исправено и што исправи голема неправда“, напиша американскиот претседател.

Има информација дека од Белата куќа се обратиле до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за да го поништи црвениот картон за напаѓачот на американската репрезентација.

Според ФИФА дека жалбата на Белата куќа не влијаела врз одлуката.

- Оглас -

Најнови вести