ФИФА ги „соблече“ Данците кои протестираат – Одговорот е жесток: Не сме виновни што го форсираат Катар

Видни членови на ФИФА признаа дека правото на Катар да го организира Мундијалот во ноември и декември годинава е доделено на сомнителен начин, но главната куќа на светскиот фудбал сега мора со сите сили да го брани од бунтовниците.

Постојано реагираат дел од земјите учеснички на Светското првенство, особено за кршење на човековите права, а ФИФА постојано ги предупредува да не користат политички пароли.

Сега од седиштето на ФИФА стигна и предупредување за Данците да не тренираат со маици на кои има натпис: „Човековите права се универзални“.

„Денеска ни стигна порака од ФИФА дека не смееме да ги користиме маиците со овој натпис. Наведено е дека тоа е од технички причини“, изјави Јакоб Јенсен, еден од челниците на Данската фудбалска федерација.

Данците најавија дека ќе продолжат со пораки во битката за еднакви човекови права на планетата.

Велат дека тие не се виновни за матните работи околу доделување на организацијата на Мундијалот на земја што не ги почитува основните права, па се очекува да се види каква ќе биде реакцијата на ФИФА.

 

- Оглас -

Најнови вести