ФИФА: Клубовите не се должни да ги пуштат фудбалерите да играат за репрезентациите

Светската фудбалска асоцијација, ФИФА, препорача сите натпревари на репрезентациите кои се предвидени за март и април, да се одложат поради пандемијата од коронавирусот. ФИФА донесе одлука дека клубовите не се обврзани да ги пуштаат своите играчи на репрезентативните настани, доколку некои од националните федерации не ја почитуваат препораката.

Натпреварот од Лигата на нации помеѓу Македонија и Косово закажан за 26 март е во организација на УЕФА, и во вторник ќе се знае дали ќе се послуша ФИФА.

Поради задолжителен карантин, не би можеле да играат Столе Димитриевски, Александар Трајковски, Енис Барди, Горан Пандев, Елиф Елмас, Илија Несторовски, Езџан Алиоски, Егзон Бејтулаи, Ѓоко Зајков, Никола Ѓорѓев, Влатко Стојановски и Стефан Спировски кои настапуваат во ризични земји каде е присутен вирусот.

- Оглас -

Најнови вести