ФИФА објасни зошто беше поништен голот на Хрватска (Фото)

ФИФА официјално ја објасни контроверзната ситуација од самиот финиш на натпреварот меѓу Хрватска и Португалија, кога беше поништен голот на Јошко Гвардиол за израмнување.

Во 13-тата минута од судиското продолжение Хрватите накратко се израдуваа на погодок за 2-2, но по ВАР-интервенција голот беше поништен поради офсајд.

Најголемата дилема беше дали Игор Матановиќ ја допрел топката пред таа да стигне до Марио Пашалиќ, кој се наоѓаше во недозволена позиција. Контактот беше толку минимален што од телевизиските снимки не можеше јасно да се утврди дали воопшто постоел.

Главниот судија беше повикан да ја прегледа снимката, по што донесе одлука дека Матановиќ имал контакт со топката, поради што офсајд-позицијата на Пашалиќ стана активна, а голот на Гвардиол беше поништен.

По натпреварот, ФИФА објави официјално соопштение во кое појасни дека сензорот вграден во топката регистрирал допир од Матановиќ. Токму податоците од технологијата потврдиле дека имало контакт со топката, поради што одлуката за поништување на погодокот била целосно исправна.

- Оглас -

Најнови вести