ФИФА размислува да го помести почетокот на мечевите Мексико – Англија и Бразил – Норвешка

Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува за промена на времето на почеток на два натпревари од осминафиналето на Светското првенство. Се работи за два меча кои ќе се играат во недела вечер, а причина за можното поместување на термините за почеток се лошите временски услови, вклучително и ризикот од поплави, изјавија извори запознаени со ова прашање за Ројтерс.

Натпреварот помеѓу Мексико и Англија на стадионот „Ацтека“ може да се помести поради најавените прог нози за невреме. Секоја промена на тој натпревар во Мексико би можела да влијае и на почетокот на натпреварот помеѓу Бразил и Норвешка кој ќе се игра во Њујорк. Според актуелната саатница, тој меч треба да се игра в недела во 22 часот по македонско време.

Од ФИФА засега нема конкретна потврда за тоа дали ќе има промена на саатницата на мечевите кои ќе се играа в недела вечер.

На досегашниот дел од Мундијалот имаше мечеви кои беа прекинувани или термините за почеток беа поместени поради временски непогоди.

- Оглас -

Најнови вести