Начинот на кој Хрватска беше елиминирана од Светското првенство е главна тема на Мундијалот. Спорен беше контактот на топката со главата на Игор Матановиќ по кој Хрватска даде гол. Светската фудбалска федерација ФИФА се пофали со чипот кој е вметнат во топката и кој сигнализираше дека Матановиќ имал минимален допир на топката, па затоа беше досуден офсајд и голот на Гвардиол беше поништен.
Сепак, ФИФА заборави да го толкува правилото кое сама го има напишано, а по тоа правило се потврдува дека Хрватска била оштетена. Според правилото на ФИФА, допир со прамен од коса кој не влијае за менување на движењето на топката, не се суди за офсајд.
„Косата се смета за дел од телото само ако влијае на движењето на топката, а тоа веројатно е само во случаи на значаен контакт со поголема количина на коса, како што е пунџа на врвот на главата“, стои во правилото на ФИФА.
Доколку судиите го знаеја ова правило и го протолкуваа како што треба, погодокот на Хрватска немаше да биде поништен.

