ФИФА спроведува нови правила за следната сезона

Додека се бара решение за актуелната сезона која се прекина поради пандемијата со Коронавирусот, светската фудбалска куќа најави промени во фудбалот кои ќе стапат на сила од следната сезона. Речиси секоја година одборот на ФИФА спроведува нови правила кои минимално влијаат, но новите промени и тоа како може да го сменат текот на најпопуларниот спорт.

Со дел од новите правила ќе се смени влијанието на ВАР-технологијата. Посебен акцент се става на комуникацијата меѓу судиите и задолжените во ВАР-собите, со цел да има што подобро разбирање и да се носат исправни одлуки.

Играње со рака

Доколку топката го погоди играчот во рамото, судијата нема да интервенира, но ако топката удри во лакотот, акцијата веднаш ќе биде прекината. Доколку топката удри во раката на напаѓачот, акцијата ќе биде прекината само во случај во продолжение да се постигне гол или ако екипата која напаѓа, стекне предност.

Пенали и жолти картони

Доколку голманот излезе пред гол-линијата при изведување пенал, а топката удри во дирекот или гредата, пеналот нема да се изведе повторно како што досега беше случајот. Секако, оваа одлука ќе стапи на сила доколку голманот намерно му попречи на изведувачот на пеналот. Доколку пеналот се повтори, голманот ќе биде опоменет, а секое наредно прекршување на правилата ќе значи и санкција со жолт картон. Добиените жолти картони нема да важат при изведување на пенал-серија. Ако пожолтениот играч добие жолт картон при изведување на пенал-серија, нема да биде исклучен од игра, туку ќе се смета дека заработил два жолти картони.

Дополнително ќе се објават уште правила, а едно од нив е дека секој фудбалер што нема да биде оддалечен од топката барем четири метри кога таа мирува, автоматски добива жолт картон.

- Оглас -

Најнови вести