Фиљан гол на Билја, Милан едвај го победи Киево (Видео)

Милан го победи Киево со 2:1, но имаше многу проблеми со фенерџијата во Серија А. Мечот го одбележа прекрасниот водечки гол на Лукас Билја.

Играчот од средниот ред со фанатстичен шут од слободен удар ја затресе мрежата на Сорентино во 31. минута. Голманот на домаќините воопшто не мрдна од место и само немоќно го следеше прекрасниот погодок на гостинскиот играч.

https://www.youtube.com/watch?v=U92l655IhcY

Хетемај успеа да израмни на 1:1 во 41. минута, а победа на гостите им донесе Кшиштоф Пјонтек во 57. минута. Со тој гол, вкупно 19-ти за Полјакот, тој е сега на делба на првото место на листата со најдобри стрелци во Серија А, заедно со Роналдо и Квалјарела.

Милан со новите бодови ја задржа третата позиција на табелата и има 51 бод, а Киево е последен со 10 бодови.

- Оглас -

Најнови вести