Капитенот Филип Кузмановски и наредната сезона ќе остане дел од Еурофарм Пелистер, објави битолскиот клуб.
Иако имаше понуди од повеќе европски клубови, Кузмановски реши да остане дома, веројатно мотивиран и од шансата да работи со тренерот Лино Червар.
„Филип Кузмановски и наредната сезона ќе остане лидер на Еурофарм Пелистер! Заедно до целта!“, порачаа од Е. Пелистер.
Битолчани веќе не се шампиони на Македонија, па би требало да играат во Европската лига на ЕХФ, ако Вардар добие вајлд-карта за Лигата на шампионите.

