Филип Талески е осмото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона!

Македонскиот лев бек Филип Талески потпиша договор со ГРК Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување за 2027/2028. Талески ќе го носи дресот со број 28.

Овој 30-годишник доаѓа од Татабања, со која минатата сезона играше против Охрид во Европскиот куп. Потекнува од школата на Металург, како голем талент замина во бундеслигашот Рајн Некар Левен, со кого освои бундеслигашка титула, а во Германија играше и за Балинген. Има играно и за Вардар 1961 и за Бенфика.

„Потписот за ГРК Охрид за мене претставува нов, голем предизвик и исклучително мотивирачки проект. Клубот покажа огромна желба, сериозна визија и амбиција кои целосно се поклопуваат со моите лични и спортски цели. Среќен сум што ќе го носам дресот на Охрид, клуб кој незапирливо расте и има фантастична публика. Охрид заслужува големи ракометни успеси, а јас сум тука да го дадам својот максимум на секој натпревар за да ги оствариме зацртаните цели на клубот како во домашното првенство така и на меѓународната сцена“, изјави Талески.

 

- Оглас -

Најнови вести