Филмски гол во Мароко – Бомба што не ја сопре ни рамката на голот, ни атрактивната парада на голманот (Видео)

Мохамед Ел Фатах постигна атрактивен гол за Магреб Фес во првенството на Мароко, а ударот од огромна далечина и откосо изгледа феноменално и е зачинет со парада на противничкиот голман, а на патот до мрежата ја погоди и рамката на голот на Фус Рабат.

Целата сцена изгледаше филмски и топовскиот удар на Ел Фатах и летот на топката, парадата на Амсиф и претходно ударот на фудбалот во рамката на голот.

Great goal by Mohamed El Fkih (Maghreb Fes) against FUS Rabat in the Moroccan goal from soccer

Ел Фатах кој има 31 година ретко постигнува голови, но кога ќе погоди долго се памети. И претходно, лани постигна два исклучително атрактивни голови, но овој денеска ги надминува сите претходни.

Со неговиот погодок во 27. минута Магреб Фес поведе со 1:0, но на крајот гостите постигнаа гол и мечот заврши нерешено 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести