Финалето на Лигата на Европа ќе се игра со публика

УЕФА ја разгледува можноста да дозволи присуство на навивачи за финалето на Лигата на Европа. Мечот е закажан за 26 мај во полскиот град Гдањск. Варијантата која се разгледува е да има 10.000 навивачи, што е околу 25% од капацитетот на стадионот „Енерга“.

Во финалето ќе играат победниците од полуфиналињата Манчестер јунајтед – Рома и Вилјареал – Арсенал.

Реална е опцијата финалето да биде англиско, но не е познато дали фановите од Англија ќе смеат да патуваат во Полска. Во моментов, Британците имаат забрана за туристичко патување во странство и таа забрана ќе трае најмалку до 17 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести