Финалистите согласни – Ќе биде неизвесно до самиот крај во борбата за куп-трофејот

Екипите на Македонија Ѓорче Петров и Силекс утре од 18 часот на арената „Тодор Проески“ ќе ги одмерат силите во финалето од Купот на Македонија.

И двата финалисти се согласни, а тоа е дека ќе биде неизвесно до самиот крај и свесни се дека ги очекува голема борба.

„Ние сме подготвени, а сметам и дека заслужено се наоѓаме во финалето на Купот бидејќи елиминиравме навистина силни противници. Силекс и покрај тоа што играше во втората лига, таму се прошета и станува збор за квалитетен противник, а во ова финале ќе одлучуваат ситници.

Очекувам голема борба и пожртвуваност и мислам дека ќе биде интересен натпревар. Ова е прво финале за мене како тренер, додека како играч двапати го имам освојувано купот“, изјави тренерот на Македонија ЃП, Муарем Бајрами.

„Силекс минатата сезона испадна од првата лига, но го освои Купот и ние сме единствениот второлигаш којшто го брани Купот.

Се вративме во првата лига, а тоа ни беше приоритет сезонава, почит и за нашиот противник, кој за малку не успеа да дојде до место во квалификациите од Лигата на Европа.

Се надевам дека ќе победи фудбалот, во вакви натпревари нема фаворит, а ќе биде голема борба до самиот крај“, изјави предводникот на Силекс, Горазд Михајлов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести