Финално одбројување на Раниери – Уште три меча и чао Рома

Клаудио Раниери објави дека ќе ја води Рома само уште на три меча, последните сезонава во Серија А, и потоа ќе си замине.

Таков епилог и се очекуваше, а сега доби и официјална потврда од самиот стратег.

„Мојата работа овде во Рим завршува со последните три натпревари сезонава во Серија А. Очекував таков епилог, а пристигна во клубот чиј фан сум во финишот на сезоната за да помогнам со својот ентузијазам“, изјави Раниери на прес-конференцијата пред дербито со Јувентус, што ќе се игра во недела.

Рома сè уште има шанси да биде учесник во Лигата на шамионите и следната сезона, иако според моменталнит изглед на табелата, не е фаворит во трката за третата и четвртата позиција кои водат во друштвото на европската елита.

Со Раниери на кормилото, Рома забележа 4 победи, двапати загуби и трипати играше нерешено.

 

- Оглас -

Најнови вести