Финишот на денот резервиран за Македонија, јуниорите приредија шоу против Турција

Младата македонска репрезентација за ракометари до 18 години одигра феноменален меч, последен на програмата денеска во Рига на Б шампионатот на Европа и ја декласира Турција со 34:19.

Веќе по првото полувреме што македонските надежи го добија со 15:10 беше јасно кој ќе стартува со победа на шампионатот во Летонија, а фуриозно младите македонски ракометни надежи продолжија и во вториот дел.

Продолжението го добија со 19:9 за конечни 15 гола разлика, 34:19. По првото коло сме први со домаќинот Летонија, која го победи Косово со 37:17 и се чини дека веќе е обезбеден настапот во плејофот.

За тоа ни треба победа против Косово утре од 13 часот, а со Летонија ќе играме на 11 август во истиот термин од 13 часот.

Двете првопласирани селекции ќе играат во нокаут-фазата на Б шампионатот на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести