Фино му се погоди на Дани – Се прости на меч на екипи на кои им беше капитен (Фото)

Бреша се прости од настапите во Серија А и од својот капитен Даниеле Гасталдело, кој го одигра последниот меч во кариерата и тоа против Сампдорија, тим за кој настапуваше 8 години и во кој исто така беше капитен.

Натпреварот имаше ревијален карактер и заврши нерешено, 1:1, а во фокусот беше 37-годишниот стопер со последниот меч во кариерата во која одигра над 500 натпревари за шест екипи во Италија.

Меѓу нив не е Јувентус, клуб кој го купи стоперот во 2002 година од Падова, но не му даде шанса да одигра барем еден меч.

Дани вечерва играше 58 минути за Бреша и потоа со аплаузи од раководствата и играчите на двете екипи го напушти теренот.

Интересно на трибините беше целото негово семејство и тоа во дресови на Сампдорија, иако Гасталдело од 2017 година беше фудбалер на Бреша, а и мечот се играше на „Марио Ригамонти“ во Бреша.

Сампдорија го заврши првенството со 42 бода и ќе биде на 14. или на 15. место во Серија А, а Бреша испадна како 19-пласирана екипа со само 25 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести