Фирмата е сомнителна, ама понудата е одлична – Хрватите заработија 103 милиони евра од продажба на ТВ-права

Шведската фирма „Ендорфин Меџин“, која постои само три месеци, доби зелено светло од хрватските прволигаши да ги пренесува мечевите во популарната ХНЛ во следните 10 години за сума од 103 милиони евра.

Девет од десетте прволигаши имаа состанок на кој гласаа за понудата, а само Хајдук беше против ТВ правата во следните 10 години за преноси од хрватското првенство да и се дадат на шведската фирма. Претставниците на Интер Запрешиќ неа дојдоа на состанокот.

Многу полемика имаше во Хрватска за понудата на Швеѓаните, најмногу поради нивниот краток век на постоење од само три месеци, но договорот е веќе извесен и ќе им донесе многу пари.

Клубовите ќе поделат 10 милиони евра во првите 7 сезони, почнувајќи од 2022 година, од кога договорот би бил важечки ако се потпише, а во последните три години десет прволигаши ќе инкасираат и ќе поделат по 11 милиони евра од сезона.

Овие суми се одлични за првенство од рангот на хрватското, а заработката на клубовите ќе биде за 5-6 пати поголема од досегашниот договор што е актуелен до 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести