Фирмино пред неочекуван трансфер

Роберто Фирмино е блиску да направи неочекуван трансфер во редовите на Фенербахче. Напаѓачот на Ливерпул по седум изминати години на „Енфилд“ би можел да стави крај на авантурата со Црвените и да заигра во турскиот шампионат.

Бразилецот го загуби местото во стартните 11 кај Јирген Клоп, доби голема конкуренција во Дарвин Нуњес за позицијата напаѓач, што му ги отвори вратите да бара нов предизвик.

Наводно Фенербахче веќе отпочна преговори да го ангажира Фирмино, каде нов тренер е Португалецот Жорж Жезус. Со овој потег се истакнуваат амбициите на Фенер да се врати на фудбалскиот трон во Турција.

https://twitter.com/ajansspor/status/1546893093647142913

Инаку, Фирмино со голем успех ги брани боите на Ливерпул. Освои сé што може да се освои на клупски план, одигра повеќе од 300 натпревари за Црвените во кои постигна 98 гола и 74 асистенции.Ѝ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести