Фјури е човек со големо срце: Сите пари заработени од борбата со Вајлдер ќе ги донира за бездомниците

Тајсон Фјури победи во третиот меч против Дионте Вајлдер и со тоа ја одбрани титулата во ВБЦ во тешка категорија.

Кралот на Ромите, како што тој самиот се нарекува, од борбата од пред две недели заработи 10 милиони евра, а сега најави дека целата сума ќе оди кај луѓето од најранлива категорија, а тоа се бездомниците.

„Не сакам да ме нарекуваат хуманитарец бидејќи не сум од тие што одат да се сликаат дека го правиме тоа. Јас да можам би ги дал и последните пари бидејќи знам низ што поминуваат тие луѓе.

Никогаш парите во мојот живот не ми донеле голема среќа, не сакам да бидам милионер, а со заработените пари од борбата против Дионте Вајлдер, ќе направам куќи за бездомниците“ изјви Фјури.

Наредната борба на Британецот ќе биде против подобриот од Ентони Џошуа и Александр Усик, од кои се очекува да имаат уште еден дуел, со оглед на тоа дека Украинецот славеше сензационална победа.

- Оглас -

Најнови вести