ФК Илинден промовираше тројца тренери кои ќе бидат дел од младинската академија (Фото)

Младинската академија на ФК Илинден ги промовираше тројцата нови тренери кои во иднина ќе работат со фудбалските надежи кои се дел од овој клуб.

За координатор на Младинската академија на ФК Илинден е промовиран Виктор Кравченко. Тој ќе биде и главен тренер на кадетската екипа (генерација 2010). Виктор е млад, амбициозен и модерен тренер со значајно искуство во работата со млади фудбалери. Во наредниот период ќе стане носител на УЕФА ПРО лиценца, највисокиот степен на тренерско образование во европскиот фудбал.

За главен тренер на најстара младинска генерација, односно за младинците родени 2008/2009 година е промовиран Марко Арсовски. Се работи за млад амбициозен и модерен тренер кој во ФК Илинден пристигнува од ФК Работнички, каде успешно ја предводеше истата возрасна категорија. Претходно беше дел и од ФК Кул, како и од Фудбалската школа Грозданоски. Носител е на УЕФА А лиценца.

Един Нурединоски како нов главен тренер на пионерите, односно на децата родени во 2011 година. Едо е добро познато име во македонскиот фудбал – поранешен македонски репрезентативец и голман со богата домашна и интернационална кариера. Своето богато фудбалско знаење и драгоцено искуство отсега ќе го пренесува на младите фудбалери на ФК Илинден.

- Оглас -

Најнови вести