Флик ја шокираше јавноста, после победата над Волфсбург кажа дека си оди од Баерн!

Ханс Дитер Флик си заминува од Баерн Минхен. Тренерот на баварците ова го кажа на телевизија во живо, веднаш после завршувањето на мечот кој Баерн го доби против Волфсбург со 3-2.

Флик на клупата на Баерн седна пред една и пол година, кога го наследи Нико Ковач како привремен тренер, но првата сезона му беше како од соништата, ги освои сите можни трофеи, секако најзначаен оној во Лигата на шампионите.

„Денеска на играчите им кажав дека летово сакам да го раскинам договорот. Неделава веќе ја презедов одговорноста за елиминацијата од Лигата на шампионите. Сакам да му се заблагодарам на клубот што ми даде шанса да го водам овој тим“ – рече Флик после победата која го доближи Баерн до нова бундеслигашка титула.

Се шпекулира дека 56-годишниот Флик ќе биде наследник на Јоаким Лев како селектор на германската репрезентација.

„Не знам што ќе правам во иднина. Се разбира дека преземање на германската репрезентација е опција за која секој би размислил“ – одговори Флик на прашањето дали ќе стане селектор.

- Оглас -

Најнови вести