Флик се согласил да стане тренер на Шахтар

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, се согласил да стане тренер на украинскиот тим Шахтар Доњецк, но потоа кога добил понуда да биде селектор на Германија, им се заблагодарил на Украинците и сепак ги одбил. Оваа информација ја објави генералниот директор на ТВ каналот на украинската фудбалска федееација Александер Денисов.

Флик неодамна објави дека по завршувањето на сезоната го напушта Баерн, па многу клубови се заинтересираа за него, меѓу нив и Шахтар со кого имале првичен договор, но јасно е дека Флик кариерата ја продолжува како нов селектор на германската репрезентација, и после ЕП ќе биде наследник на Јоаким Лев.

Клубот од Доњецк ја загуби трката за титулата со Динамо Киев, па ќе се раздели со Луис Кастро, а фаворит за преземање на тренерската позиција е Роберто Де Ѕерби од Сасуоло.

- Оглас -

Најнови вести