Флорентино Перес го враќа легендарниот Касилјас во Реал

Икер Касилјас го чека уште финалето во португалскиот Куп, за да може и официјално да означи крај на кариерата. Потоа легендарниот шпански голман ќе се насочи кон обврските во Реал Мадрид, откако Флорентино Перес го назначи за негов советник.

Касилјас по пет години пауза ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ каде што ќе има различна улога од претходно, ќе тргне по стапките на Зинедин Зидан кој пред да биде тренер на екипата работеше како советник на управата. Ова е втора прекрасна вест за фановите на Реал, откако завчера ја освоија 34-тата титула во Ла Лига.

Порашениот прв чувар на мрежата на Кралевите и Црвената фурија, практично од мај минатата година е во пензија кога преживеа срцев удар, но и натаму е под договор со Порто кој ќе го испочитува до крајот на сезоната.

Финалето меѓу Порто и Бенфика е закажно на 1 август, по кое Касилјас ќе отпатува за Мадрид каде што го чека новата работа. Инаку, Касилјас пред околу еден месец ја повлече кандидатурата за претседателските избори во таборот на шпанската фудбалска федерација.

- Оглас -

Најнови вести