Фода: Македонија не заслужи пораз од Полска

Франко Фода, селекторот на Австрија истакна голем респрект кон македонската селекција во пресрет на утрешниот дуел кој ќе се игра на Националната арена „Тоше Проески“. Фода вели дека според неговите анализи, односно од она што го виде во мечевите на Македонија против Полска и Летонија, нашата селекција поседува компакност, а смета дека Полска не заслужи да слави во петокот.

Австрија пак, во победата над Словенија со 1-0 ги запиша првите бодови во квалификациите по поразите од првиот циклус, така што Фода знае дека овој дуел ќе биде од голема важност за двете репрезентации.

„Според моите анализи, Македонија е доста компактен тим со неколку одлични индивидуалци како Пандев, Елмас, Барди. Против Полска и претходно против Летонија играа со две различни формации, така што нам воопшто нема да ни биде лесно утре. Знам дека Полјаците не заслужија да победат, Македонија заслужи да освои барем еден бод од тој меч. Овој дуел во Скопје е многу важен за двете репрезентации, а ние сакаме да продолжиме во победнички ритам. Секако, ќе се фокусираме на нашата игра и така да дојдеме до позитивен резултат“, истакна австрискиот селектор.

Дуелот Македонија  – Австрија е предвиден за утре со почеток од 20:45 часот на стадионот во Скопје „Тоше Проески“.

- Оглас -

Најнови вести