Фоњини претера: Би сакал бомба да експлодира на Вимблдон (Видео)

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини, ја згози светската спортска јавност, откако беше снимен како вели дека би сакал на Ол Ингланд клубот во Лондон каде што се игра гренд-слемот Вимблдон, да експлодира бомба. Не само тоа, туку Фоњини го навреди и домаќините, нарекувајќи ги „проклети Англичани“.

Талентираниот, но премногу темпераментен Фоњини, загуби од Тени Сандгрен со 0-3 во третото коло на Вимблдон, но уште од почетокот беше нервозен и незадоволен што играше на 14-тиот терен.

„Дали е во ред да играме тука? Проклети Англичани, проклети. Би сакал бомба да експлодира во овој клуб. Бомба треба да експлодира“ – рече Фоњини кој сега стана најомразена личност во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести