Фотографија за радост што донесе и многу главоболки кај Старата дама

Даниеле Ругани е заразен со Коронавирусот, а и неговите соиграчи од Јувентус ќе мораат во карантин во следните две седмици.

Стоперот на Старата дама објави дека се чувствува добро, но победничката фотографија по мечот со Интер што ја објави Миралем Пјаниќ на „Инстаграм“ им носи дополнителни грижи на шампионите од Торино.

Ругани беше резерва на тој дуел, но сосема нормално беше во соблекувалната со останатите фудбалери на Јувентус и се најде и на славеничкото триумфално селфи по победата од 2:0.

Од таборот на Јувентус нема објавено дека некој друг играч освен Ругани е заразен со Ковид-19, но и присуството на Ругани во тимот и фотографијата од соблекувалната по мечот со Интер им носи многу главоболки на „црно-белите“.

- Оглас -

Најнови вести