Фрајбург пак им зема иста мерка на Милионерите од Дортмунд (Видео)

Фрајбург го повтори победничкото сценарио против Борусија Дортмунд и повторно успеа да го победи фаворитот со 2:1 на домашен терен во меч од Бундеслигата.

Во февруари годинава во меч од минатата сезона во германското првенство резултатот и победникот беа исти, а и денеска Фрајбург ги изненади Милонерите.

Винченцо Грифо со еврогол од слободен удар во шестата минута ги изненади гостите и најави нов триумф на Фрајбург против тимот од Дортмунд.

Голот на Грифо можете да го погледнете ОВДЕ.

Потоа и Салаи постигна гол за Фрајбург, а гостите намалија на 2:1 со автоголот на Кејтел, но немаа рецепт за спас и избегнување на поразот во Фрајбург.

Со идентичен резултат Волфсбург ја победи Херта на гостински терен, а најубедлив беше новиот бундеслигаш Бохум со победа од 2:0 против Мајнц.

Нерешено завршија мечевите меѓу Ајнтрахт и Аугсбург и тоа без голови и Гројтер фирт против Арминија со по едне погодок во двете мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести