Франција благодарение на гол од пенал го елиминираше Парагвај (Видео)

Репрезентацијата на Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако минимално со 1:0 славеше над Парагвај. Французите кој во просек на претходните четири меча од турнирот имаа просек од преку три гола, многу потешко од очекувањата обезбедија место меѓу најдобрите осум селекции на турнирот.

Во првото полувреме Франција целосно доминираше на теренот, имаше преку 80 отсто посед на топка, но не упати ниту еден удар во рамките на голот на противникот. Слична беше ситуацијата на теренот и во второто полувреме. Франција доминираше, но тоа беа безопасни напади.

Во 61 минута, селекторот на Франција, Дидие Дешан го игра го внесе Дезире Дуе, кој во 70 минута продре во шеснаесетникот на Парагвај, а таму беше фаулиран од Диего Гомез. Арбитарот првично ништо не досуди, но по добиената реакција од ВАР собата, главниот судија реши да гледа повторена снимка.

Беше утврдено дека има пенал за Франција, а одговорноста да го изведе му припадна на Килиајн Мбапе. Капитенот на Франција беше непогрежлив и донесе водство од 1:0 во 70 минута. За Мбапе ова е седми погодок на турнирот, а вкупн 19-ти на Светските првенства.

Во четвртфиналето, Франција ќе игра против Мароко, кој претходно со 3:0 ја елиминираше Канада.

- Оглас -

Најнови вести