Франција го доби најмладиот дебитант во последните 100 години!

Едуардо Камавинга е името на францускиот репрезентативец кој постави историја на синоќешниот меч против Хрватска. Камавинга стана најмладиот дебитант во францускиот фудбал во повеќе од 100 години.

Тинејџерот, кој е играч од среден ред, во игра влезе во 63-тата минута, на местото на Н’голо Канте при резултат 2:2. До крајот на мечот, Франција даде два гола и се радуваше на победа од 4:2.

Камавинга е роден во Ангола, а имаше само 17 години и девет месеци кога дебитираше за Франција во сениорскиот состав.

Низ историјата, репрезентацијата на Галските петли имала само двајца помлади играчи во составот. Едниот е Жулиен Вербруж, кој дебитираше на 16 години и 10 месеци во 1906 година. Во 2014 година Маурис Гастигер дебитирал за Франција само со 17 години и четири месеци. Камавинга сега постави вековен рекорд и настапи само со 17 години.

Камавинга игра како плејмејкер во тимот на Рен, а за него интерес покажал Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести