Франција рутинирано против Црногорките, Србија ја декласираше Данска

Домаќинките на ракометниот контитнентален собир, женската селекција на Франција, со убедливи 25-20 ја совлада Црна Гора. Французинките без поголеми проблеми ја остварија втората победа во групите, па како првопласирани од групата Б, ќе патуваат во следната фаза.

Победата практично ја осигураа по првите 30 минути. На паузата Франција замина со предност од 16-8, па до остатокот од средбата рутинирано го дочека крајот. Црногорките ќе играа во следната рунда, и покрај тоа што имаат два порази, понатаму ќе одат како трети, додека Русија е втора.

Од групата Б, претходно играше токму Русија, која беше изненадена од веќе елиминираната Словенија. Со конечни 29-27, словенечката репрезентација со победа се прости од шампионатот.

Србија со високи 30-25 ја совлада Данска, па со две победи и еден пораз ќе игра во следната рунда. Српската селекција ќе патува како прва од групата А, Данска како третопласирана обезбеди учество, а на второ место е Шведска, која претходно беше подобра од Полска со минимални 23-22.

- Оглас -

Најнови вести