Франција во првото полувреме не го сруши „бункерот“ на Парагвај, највозбудливо беше кога се „рчнаа“ играчите на двата тима (Видео)

По првите 45 минути од осминафиналната пресметка меѓу Франција и Парагвај нема голови. Пред мечот, Французите важеа за големи фаворити, но Парагвај со челична одбрана не дозволи противникот да се израдува на погодок.

Неверојатна е статистиката која вели дека Франција имаше дури 81 отсто посед на топка во првото полувреме, но тоа беше јалово затоа што не упати ниту еден удар во рамките на голот на Парагвај. Јужноамериканската селекција едноставно има поставено одлична одбрана и засега таа делува перфектно.

Франција во досегашните четири меча на турнирот постигна дури 13 голови, што е просек повеќе од три погодоци на меч, но сега „мунцијата е празна“.

Највозбудливиот момент кој се случи во првиот дел беше мешаницата во која учествуваа голем дел од фудбалерите на двата тима, но за среќа, не се случи поголем инцидент.

Quarrel between France and Paraguay
by
u/MakisDelaportas in
soccer

- Оглас -

Најнови вести