Француска доминација во Бундеслигата, постигнаа дури 109 голови сезонава

Во германската Бундеслига останува да се одигра само уште последното коло, во кое треба да се дознае името на новиот шампион. Борусија Дортмунд е лидер со 70 бодови, два повеќе од актуелниот првак Баерн Минхен.

Во последното коло, Борусија Дортмунд дома игра против Мајнц и со победа, Милионерите ќе бидат на тронот. Баерн ќе чека кикс на лидерот за да може да ја одбрани шампионската позиција.

Освен драмата за шампионскиот трофеј која трае до последното коло, оваа сезона во Бундеслигата ја одбележа доминацијата на француските интернационалци. Дури 109 погодоци постигнаа Французите кои играат во Бундеслигата, што е втор најдобар биланс на интернационалци од друга земја.

Во сезоната 2001/02 Бразилците кои играа во Бундеслигата постигнаа рекордни 125 голови. Бразилците блескаа и во сезоните 2003/04 (дадоа 108 гола) и 2002/2003 (постигнаа 107 погодоци).

- Оглас -

Најнови вести