Француска везилка во Хелсинки – Фантазија би бил тандем Бензема-Мбапе во Реал Мадрид (Видео)

Килијан Мбапе и Карим Бензема би биле страшен офанзивен тандем на Реал Мадрид ако се оствари желбата на напаѓачот на Пари Сен Жермен да се пресели во редовите на Кралскиот клуб.

Двајцата беа извонредни и вчера како тандем во француската репрезентација, а акцијата што ја изведоа за првиот гол против Финска е маестрална.

Бензема беше стрелец по фантастичната асистенција на Мбапе во 66-тата минута, а потоа Килијан сам со феноменална соло акција ја нокаутора Финска во 76-тата минута и ја исфрли од игра за настап на Мундијалот во Катар.

https://twitter.com/CadalTrom/status/1460816305167106050?s=20

Франција убедливо го освои првото место во квалификациската група Д и ќе ја брани светската круна во Катар следната година, а Украина како второпласирана ќе игра бараж за пласман на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести