Француска врска – Баерн и Тотенхем подготвуваат трампа Толисо за Ндомбеле

Баерн е подготвен да го ангажира Тангај Ндомбеле од Тотенхем и да го испрати во спротивен правец, во Лондон, Корентин Толисо и плус да плати сума од 20 милиони евра.

Размената ако се случи е многу интересна, бидејќи се работи за двајца француски репрезентативци, кои треба да се заменат. Јулијан Нагелсман не смета на Толисо сериозно за новата сезона, па светскиот првак со Франција од 2018 година сака да ја смени средината.

За него Баерн му плати на Лион околу 42 милиони евра во 2017 година, а нешто поскап беше Ндомебеле, кој го чинеше Тотенхем 62 милиони евра во 2019 година, пари кои повторно замина на сметка на Лион.

Ндомбеле има проблем со дисициплината, а сега е во „немилост“ кај Нуно Еспирито Санто, кој е нов менаџер на Тотенхем и не му даде шанса да игра на првите два меча сезонава, против Манчестер сити и Пашош Фереира.

 

 

- Оглас -

Најнови вести