Француска врска – Испадна од ПСЖ, сега ќе навива да станат европски прваци

Бенжамен Павар не успеа со Баерн Минхен да ја продолжи одбраната на европската круна и заедно со соиграчите се елиминирани од Пари Сен Жермен, па сега францускиот репрезентативец ќе навива за Светците од Париз да ја освојат круната.

Баварците се елиминирани поради помалку постигнати голови на гости од ривалот при израмнет вкупен резултат од 3:3 во двомечот со францускиот првак.

Поразот на домашен терен од 2:3 на првиот меч беше кобен за Баерн, па победата од 1:0 вчера во Париз беше Пирова.

„Се надевам дека ПСЖ ќе ја освои титулата. Кога веќе ние испаднавме, како Французин сакам пехарот да пристигне во Париз“, изјави Павар.

Тој беше стандарден член на француската репрезентација со Килијан Мбапе од ПСЖ што ја освои Мундијалската круна на СП во Русија пред три години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести