Французин ќе го уништи сонот на парижаните за прва титула? (Видео)

Кингсли Коман во 59-та минута погоди со глава за 1-0, и постојано е опасност за одбраната на ПСЖ, па засега човекот кој беше резерва на претходните мечеви, е јунак на финалето и ја оправда довербата на тренерот Флик. Коман излезе од игра, на негово место влезе Перишиќ. Во 2003 година последен пат финале на ЛШ заврши 0-0 и добро е што таа традиција на голови продолжи.

Коман е Французин и со својот гол натажи многу Французи во главниот град на неговата земја. Коман е деветти Французин кој дал гол во финале, а неговиот гол е 500-ти за Баерн во ЛШ откако се игра под ова име.

ПСЖ има рекордна низа од 34 европски меча по ред на кои дава гол, па тие се на ред да покажат дали можат да го совладаат Нојер.

https://youtu.be/D7qojrO_Rf4

- Оглас -

Најнови вести