Французите ја нападнаа Барселона: Не го понижувајте светскиот првак

Антоан Гризман не доби шанса да биде стартер за Барселона на Ел Класико против Реал Мадрид, Каталонците загубија со 1:3, па сега трпат критики и од Франција.

„Гризман е деградиран во Барселона и ова се најтешките моменти во неговата кариера. Освои светска титула, а сега им е резерва на деца. Јасно му е дека погреши минатото лето“, пишува престижниот Л`Екип.

Моментната ситуација и неиграњето на засилувањето што ја чинеше Барселона цели 120 милиони евра при трансферот на Гризман од Атлетико е лоша и за француската репрезентација.

Гризман е стандарден член на селекцијата на актуелниот светски првак, има 29 години и седењето на клупа во Барселона не им е по мерак на Триколорите.

И лани беше непрепознатлив, но тогаш најчесто не играше на својата позиција, па очекуваше со доаѓањето на Роналд Куман да се врати на позицијата централен напаѓач, особено по заминувањето на Луси Суарес.

Имаше и шпекулации дека Гризман и Меси не се трпат, па и тоа само му ја отежннува ситуацијата на златното момче од Мундијалот во Русија.

 

- Оглас -

Најнови вести