Французите може да се смират, Зверев нема корона-вирус

Александер Зверев е негативен на корона-вирус, покажа тестирањето откако германскиот тенисер настинат го играше мечот против Јаник Синер и загуби со 3-1 во сетови во осминафиналето на Ролан Гарос.

Зверев цел меч играше со температура 38, а како што кажа тој, настинката ја префатил од неговиот физиотерапевт. Во меѓувреме, во Париз се крена паника дека Германецот можеби е заразен со ковид-19, но Зверев на социјалните мрежи ги обелодени негативните тестови.

Финалистот од ОП на САД не влезе во крајната фаза од францускиот гренслем, а тенисерот кој го елиминира, Јаник Синер, денеска ќе ги одмери силите со вториот светски рекет Рафаел Надал.

- Оглас -

Најнови вести