Французите со нов ценовник за билетите наменети за гостинските навивачи

По состанокот на клубовите и француската фудбалска федерација, одлучено е да има фикси цени за билетите кои ќе бидат наменети за гостинските навивачи во Лига 1 и Лига 2.

Навивачите кои планираат да патуваат заедно со своите тимови, ќе може да ги поддржуваат за само 10 евра, додека во второто по квалитет француско првенство, билетите за гостинските навивачи ќе чинат двојно помалку, односно пет евра.

Ова е одлична вест за нив, а одговорните за организација на шампионатите сметаат дека ќе се зголеми и интересот за патувања. Тоа значи дека од следната сезона на терените атмосферата ќе биде уште пожешка, а сето тоа ќе ги направи и самите натпревари поинтересни.

- Оглас -

Најнови вести