Френки замина за Торино, растат шансите на Ајакс за нов подвиг во ЛШ

Френки де Јонг нема сериозна повреда и речиси сигурно ќе игра за Ајакс против Јувентус утре, на реванш-мечот од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Големиот талент на холандскиот фудбал и иден член на Барселона се повреди на дуелот со Екселсиор во домашното првенство, беше заменет, но сепак, за среќа на Ајакс, и секако на Френки, повредата не е сериозна.

Ајакс одигра нерешено на првиот дуел во Амстердам против Јувентус, па реваншот ќе почне со 1-1. „Копјаниците“ играат одлично сезонава во Лигата на шампионите, двапати беа рамноправни, па и подобри од Баерн во фазата по групи, потоа го елиминираа актуелниот првак Реал Мадрид, а и против Јуве доминираа на првиот меч.

Реваншот е закажан за утре, од 21 часот на „Алијанц“ во Торино.

- Оглас -

Најнови вести