Фриц го замори Медведев, но рекетот број 1 ќе игра прво мастерс-полуфинале сезонава (видео)

Данил Медведев го надигра и Тејлор Фриц без загубен сет со 7-6, 6-3 за пласман во полуфиналето на АТП Мастерс 1000 турнирот кој се игра во Синсинати. За првиот светски рекет ова е прво мастерс-полуфинале сезонава, а мораше добро да се намачи за да ја забележи посакуваната победа.

Фриц му правеше доста проблеми на Русинот, но кога испушти прилика со брејк да поведе 1-0 по првиот сет, Медведев спаси уште две сет-топки и избори тајбрејк во кој беше подобар со 7-1. Во вториот сет доста полесна беше задачата за Данил, па откако дојде до првиот брејк на мечот, рутински ја искористи првата меч-топка за победа.

Во полуфиналето Медведев ќе се сретне со подобриот од Циципас – Синер.

- Оглас -

Најнови вести