Англискиот фудбалер Шакил Мекдоналд минатата недела е осуден на две години и осум месеци затворска казна бидејќи брутално ја претепал својата девојка Ејми Блекли и ѝ нанел тешки телесни повреди.
Мекдоналд, кој има настапувано за Дерби каунти и Бирмингам, е снимен на надзорните камери во ноќен клуб како ја удари својата девојка, а потоа ја турнал на подот, каде што ѝ рекол дека ќе ја „успие“.
Видеото од нападот на Мекдоналд може да го видите ТУКА.
Потоа ја натерал Бекли да влезе во такси-возило и теророт го продолжил во нивниот стан. Блекли, која работи како пожарникарка, за да се спаси, скокнала од балкон висок четири метри.
Инцидентот се случил на 4 март годинава во Бирмингам, а Мекдоналд ја претепал Блекли поради љубомора. Нему не му се допаднало тоа што Блекли во ноќниот клуб разговарала со колега пожарникар.

