Му обезбеди победа на својот тим над големиот ривал, па зема „бакља“ и отиде да слави со навивачите (ФОТО)

Фудбалерите на Зрињски славеа со 1:0 во големото дерби против Сараево во рамките на шампионатот од Босна и Херцеговина.

Благодарение на голот на Немања Библија од слободен удер во 40. минута, домашниот тим дојде до 33. бод во првенството со што се зацврсти на лидерската позиција.

Интересно е тоа што Библија со овој, 76 гол во кариерата за Зрињски стана најдобриот стрелец во историјата на клубот, а по крајот на мечот тој зема „бакља“ и се фрли на прослава со навивачите.

За гостите, пак, во второто полувреме влезе во игра Крсте Велковски, но, не успеа да им помогне да останат непоразени на оваа средба.

- Оглас -

Најнови вести